Основна дејност


Основната дејност на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје е преземање, распределба и испорака на топлинска енергија до потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа.

Врз основа на Законот за енергетика и одредбите на лиценцата, Друштвото енергетската дејност дистрибуција на топлинска енергија ја врши на подрачјето на градот Скопје, односно на делови од општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош и Чаир.

Дистрибуцијата на топлинска енергија се врши преку дистрибутивниот систем кој се протега од точката на прием на произведената топлинска енергија преку магистрални, секундарни, приклучни водови и топлински потстаници до мерното место, односно точката на испорака на топлинска енергија за греење на крајните корисници.
Исто така, Друштвото поседува Лиценца А за проектирање на градби од прва категорија бр.П.256/А со важност до март 2020 година издадена од Министерството за транспорт и врски на РМ и Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија бр.И.335/Б со важност до декември 2020 година издадена од Министерството за транспорт и врски на РМ.