Организациона структура


Управувањето во Друштвото е организирано согласно одредбите на Законот за трговските друштва и со него управува Управител, кој се именува за неопределено време. Друштвото функционира како заокружена организациско-технолошка целина со јасно дефинирани оперативни задачи, кои произлегуваат од обврските на Лиценцата за енергетската дејност од јавен интерес која ја поседува.

Друштвото е организирано во 5 работни единици:

  • РЕ за управување и одржување на дистрибутивен систем
  • РЕ санација на дефекти во дистрибутивен систем
  • РЕ за проектирање, развој и надзор на дистрибутивниот систем
  • РЕ финасии и економија
  • РЕ за правни работи и општи работи