Дистрибуција на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, со континуирано вложување во својот високо стручен кадар, постојано се стреми кон подобрување на квалитетот на своето работење, сé со цел навремено и успешно исполнување на потребите и барањата на корисниците и деловните партнери.
Предизвиците кои ги налага секојдневната работа бараат постојано нејзино унапредување, исполнителност и ефикасност, и токму тоа претставува наш двигател кон подобрување на резултатот.
Редовната комуникација и преземање на конкретни чекори кон подобрување на дистрибутивната мрежа го засилува нашето партнерство со градската и општинска администрација.
Континуираното следење на новите технолошки достигнувања и законската регулатива и нивна примена во нашето работење е показател за нашиот труд и посветеност, а мотивот за тоа секогаш било и ќе биде исполнување на очекувањата на потрошувачите за сигурна, континуирана и квалитетна дистрибуција на топлинска енергија.
Сертификат ISO 9001:2015
Компанијата ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје во декември 2020 година го помина процесот за ресертификација на Системот за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015. Со ова, од страна на сертификационото тело Quality – Austria, продолжена е важноста на меѓународниот Сертификат ISO 9001:2015 кој го поседува компанијата уште од декември 2017 година.