
Согласно со регулативата, дистрибуција на топлинска енергија се врши во периодот од 15 октомври во тековната, до 15 април во наредната календарска година. По исклучок, дистрибуцијата на топлинска енергија до потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април ја донесува Регулаторната комисија за енергетика, согласно со известувањето од страна на регулираниот производител на топлинска енергија за исполнување на условите според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.